нема поврзаност на исказите со убиствата

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите

Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски, во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа дека неговиот клиент e поврзан со кривичните дела за кои се товари.

Витановски вели дека мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска, во својот исказ не посочи дека го знае Палевски од претходно, не ги познава обвинетите, а не знае ниту дали  нејзиниот сопруг се знаел со Палевски.

Ќерката на велешанецот Панче Жежовски, Ана Киркова, пак, не ги знае обвинетите, го знае само Велибор Маневски, со кој нејзиниот татко имал судски спор.

Според Витановски, нема конкретни сознанија што би упатувале на заклучок дека некој од обвинетите може да се најде како сторител на кривично дело.

„Засега преку овие докази не може да се доведе до поврзаност со кривичните дела. Нема исказ кој би упатувал на тоа дека Палевски е сторител на ова кривично дело“, рече Витановски.

Тој се осврсна и на исказот дека таткото на Зорица имал купено стан од фирмата на Палевски, но на Ѓорчевска не ѝ е познато дека меѓу нив имало некакви недоразбирања.

„Многу адвокати се оградија, ама јас цврсто и искрено верувам во невиноста на мојот клиент“, додаде Витановски.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеа Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања и Ана Киркова, ќерката на велешанецот, Панче Жежовски.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Македонија

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Read more

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Read more

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Read more

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе