Во главниот град COVID-19 е убедливо најраспространет во Општина Аеродром која со дури 675 активни случаи е лидер на табелата за скопските општини.
Во Скопје, по денешните нови бројки објавени од Министерството за здравство, има вкупно 3.490 активни случај на коронавирусот.
Најмногу од нив, дури 675 се жители на Општина Аеродром. Потоа следуваат општините Карпош и Центар кои имаат над 500, а со по 400 и нешто се Гази Баба и Кисела Вода.
- Аеродром – 675
- Карпош – 528
- Центар – 508
- Гази Баба – 437
- Кисела Вода – 413
- Ѓорче Петров – 287
- Чаир – 171
- Бутел – 157
- Илинден – 60
- Сопиште – 31
- Шуто Оризари – 28
- Сарај – 23
- Петровец –21
- Чучер Сандево – 15
- Арачиново – 10
- Студеничани – 9
- Зелениково – 9
- странци – 22
- нераспределени - 86
Од почетокот на епидемијата главниот град регистрирал 11.592 заразени.