Афера на векот: Французите си ја тужат државата за неуспешна борба против климатските промени

Четири невладини организации се надеваат дека денеска на првото рочиште пред Административниот (Управен) суд во Париз ќе го докажат неуспехот на француската држава во борбата против глобалното затоплување, откако за нивната тужба добија поддршка од повеќе од два милиона граѓани.

Две години по започнувањето на оваа постапка, придружена со 2,3 милиони потписи на досега невидена петиција преку интернет, четирите невладини организации – Нотр Афер, Гринпис Франција, Фондацијата Никола Хулот и Оксфам Франција – пред Административниот суд во Париз ќе се најдат наспроти претставниците на државата.

-Ако „аферата на векот“, како што се нарекува предметот во францускиот печат, ја добијат НВО-ата, тоа ќе биде историска одлука за климатската правда во Франција. Тоа би го ставило политичарот пред неговите еколошки контрадикторности: многу говори и многу малку акти, укажува Сесилија Ринаудо, координатор на Нотр Афер.

„Осудата на една држава за непостапување кон климата би била историска, и не само во Франција“, смета Сесил Дуфлот, извршен директор на Оксфам Франција, истакнувајќи ја паралелата со аферата Ургенда, која стана модел за неодамнешното зголемување на моќта на климатска правда.

Во декември 2019 година, Врховниот суд на Холандија и наложи на холандската Влада да ги намали емисиите на стаклените гасови во земјата за најмалку 25 отсто до крајот на 2020 година.

Конечната одлука на француската правда нема да биде веднаш. Денеска ќе бидат претставени заклучоците на известувачот на судот.

Владата ги отфрла обвинувањата за неактивност, нагласувајќи го особено законот за енергетска клима од 2019 година, кој „ги зајакнува климатските цели“, со цел за неутралност на јаглеродот до 2050 година или пад на потрошувачката на енергија за 40 отсто од фосилни горива до 2030 година. Но, во ноември минатата година, Државниот совет (Врховниот админитративен суд), во својата одлука, која бранителите на планетата ја опишаа како „историска“, истакна дека Франција, која ветила дека ќе ги намали своите емисии за 40 отсто до 2030 година во споредба со 1990 година, ги надмина буџетите за јаглерод што ги постави за себе.

Највисокиот француски административен суд, свикан од општината Гранд-Синт, која смета дека и се заканува со потопување на северниот брег, и даде на државата три месеци да ги оправда своите постапки во однос на намалувањето на емисиите на СО2.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе