Нови две лица се уапсени во врска со терористичкиот напад што се случи во средата во британската престолнина Лондон, соопшти британската полицијата.
Властите исто така го идентификуваа напаѓачот како Адријан Расел и ја повикаа јавноста да сподели некои информации за него.
“Уште две лица дополнително се притворени во текот на ноќта”, изјави командантот на антитерористичката единица Марк Роули.
Тој прецизира дека откако една жена била ослободена, во моментов во притвор има вкупно 9 лица поврзани со терористичкиот акт.