Македонија

Африм Гаши поднесе кривична пријава против Билал Касами

13. март 2018 - 15:01 | Макфакс

Африм Гаши и триесетина негови поддржувачи поднесоа кривична пријава против Билал Касами за злоупотреба на службената положба како претседател на Движењето Беса. Според нивните сознанија , Касами го прекршил Законот за политички партии и Статутот на партијата.

Кривичната пријава ја поднеле вчера во Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената должност „правен застапник на Движењето БЕСА пред органите на правдата“ и фалсификување на документацијата на Движењето, додека во Управниот суд е поднесено барање за поништување на фалсификатот што според нив го направил тој во документите на Движењето БЕСА во надлежниот основен суд.

„После ова, тој и неговиот клан, од кои некои се повикуваат на легалноста, сега веќе ќе треба да одговараат пред органите на правдата за киднапирање на политичката партија за тесни лични и клански интереси. Притоа уште еднаш повторуваме дека ова манипулација е направена во времето кога активистите на Беса му веруваа нему и покажуваа лојалност кон него, што подразбира дека задачата за поделба и уривање на Беса тој ја започнал одамна, се разбира под директива“, изјави Орхан Муртезани од Беса.

Коментирај