Агент на ФБИ отпуштен од работа поради СМС пораки против Трамп

Вашингтон, 14 август 2018 (МИА) - Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го отпушти својот заменик помошник директор Питер Строк поради СМС пораки со содржини против претседателот на САД, Доналд Трамп.

Како што објави Washington Post, во една од СМС пораките, кои предизвикаа гнев кај републиканците, е и твредењето на Строк од 2016 година дека ќе го спречи Трамп да победи на претседателските избори.

Строк во своја одбрана тврдеше дека пораките со содржини против Трамп што ги разменувал со својата колешка и љубовница Лиза Пејџ, претставуваат негови лични ставови и дека никогаш не дозволувал неговите убедувања да влијаат врз тоа што го работи во ФБИ. 

Во текот на 2016 година Строк раководеше со истрагата околу електронската преписка на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, а потоа беше член и на тимот што водеше истрага за руското мешање во претседателските избори во САД истата година.

Трамп го поздрави отпуштањето на Строк, наведувајќи дека тој е еден од лицата на „листата на лоши играчи во ФБИ и Министерството за правда“.

„ФБИ штотуку го отпушти агентот Питер Строк - конечно“, објави Трамп на Twitter набрзо по отпуштањето на агентот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе