ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Агентот на Роналдо вечерал со Лапорта: Сега и Барса е во игра за неговиот потпис

Рома, Баерн, Наполи и Челси досега се споменуваа како клубови кои би можеле да го ангажираат незадоволниот Кристијано Роналдо, а во меѓувреме мадридски AS пласираше бомба за евентуален трансфер на Португалецот во Барселона.

Имено, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и менаџерот на Роналдо, Жорже Мендеш наводно се сретнале на вечера синоќа, а во текот на разговорот неколку пати се споменувало името на Кристијано.

Шпанскиот весник пишува дека Барселона го сакала Роналдо минатото лето кога тој од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед за 15 милиони евра, но тогаш Каталонците не можеле да му го исполнат барањето за огромна плата.

URL

Сега ситуацијата е подобрена бидејќи касата е дополнета со продажба на дел од правата за користење на брендот и преносите на натпреварите, па клубот би можел да ги исполни очекувањата за заработка на Роналдо.

Останува само прашањето дали Португалецот е подготвен да им забие нож во грб на навивачите на Реал Мадрид само за да игра во Лигата на шампионите, кои ги веселеше девет години и кои го сметаат за икона на клубот.

URL

Минатата сезона Роналдо постигна 18 гола на 30 натпревари во Премиерлигата и 6 во 7 натпревари во Лигата на шампионите и речиси сигурно може да одигра барем уште еден натпреварувачки циклус на високо ниво.

Лапорта и Мендеш, како што тврди AS, разговарале токму за тоа, но и за други играчи застапувани од славниот менаџер кои се потенцијални мети на Барселона.

Инаку, договорот на португалскиот фудбалер со клубот од „Олд Трафорд“ е до 30 јуни 2023 година.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе