„Air Serbia“ му забрани на дете со аутизам да се качи во авион

Српската авиокомпанија му забранила на 11-годишно момче да се качи во авион на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Семејството на детето најави тужба.

Од „Air Serbia“ велат дека жалаат за непријатностите низ кои поминало семејството пред  три дена, но наведуваат дека одлуката да не му се дозволи на младиот патник да се качи во авионот била донесена бидејќи станал многу вознемирен и почнал да се однесува сѐ поагресивно додека чекал во редот за пријавување за летот.

„Одредени патници, кои исто така чекаа во редот, изразија загриженост за нашиот персонал на кој приоритет им се безбедноста и добросостојбата на сите на летот. Согласно процедурата, секој вознемирен патник мора да биде прегледан од лекар на аеродромот за да се утврди дали е во состојба да патува. По проценката на лекарот, го известивме семејството дека нивното дете, за жал, нема да може да патува и им ја објаснувме постапката за промена на датумот на летање. Како авиокомпанија ние постапиваме еднакво и непристрасно кон сите наши гости“, стои во одговорот на „Air Serbia“ за „Новости“.

Таткото на детето, познатиот српски историчар Чедомир Антиќ, најави дека ќе поднесе тужба против аеродромот и авиокомпанијата и дека ќе ги преземе сите неопходни мерки предвидени со законот откако на неговиот син не му беше дозволено да се кажи на летот „за да не ги вознемири другите патници“.

Институциите и големите компании мора да имаат јасни и сериозни процедури кога се во прашање децата и лицата со аутизам, но тоа не е случај во Србија, вели претседателката на Сојузот на здруженија во Србија за помош на лицата со аутизам, Весна Петровиќ.

Таа предупредува дека има многу забелешки од родителите на деца со аутизам што јасно укажуваат дека во Србија не постои чувствителност за овој проблем, но дека мора да постојат процедури.

Петровиќ укажува дека авиокомпаниите во САД со причина имаат посебни правила во врска со постапувањето со деца со аутизам. Прашање е дали постои какво била процедура на белградскиот аеродром, вели таа и додава дека нема никакво сомнение дека вработените на аеродромот во овој случај ги повредиле правата на детето.

„и јас сум мајка на дете со аутизам и ние како семејство имаме летано со авион и се случува детето да се вознемири поради гужвата, но не е забележан ниту еден случај во светот лице со аутизам да повреди некого. Ако патниците навистина реагирале и се побуниле, тоа само дополнително ме растажува бидејќи покажува дека општеството нема чувствителност за овој проблем. Меѓутоа, институциите и компаниите мора да имаат процедури со кои ќе ги заштитат правата на децата со аутизам. Во спротивно сѐ што ни останува е да седиме дома“, вели Петровиќ.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе