AirVisual - бесплатна апликација за следење на квалитетот на воздухот

Ова е добро дизајнирана апликација која нуди точни податоци за квалитетот на воздухот за повеќе од десет илјади градови во повеќе од 80 земји во светот, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Покрај тековните податоци, апликацијата нуди и временска прогноза, но и други корисни работи…

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Име: AirVisual

Намена: Следење на квалитетот на воздухот низ целиот свет

Android - Google Play

iOS - App Store

Цена: Бесплатна

Квалитетот на воздухот во поголемите градови може да варира значително, и додека некои од најголемите светски градови водат во рангирањето на градови со најлош квалитет на воздухот, има и такви во кои е пожелно дишење „со полни гради“.

Со оваа апликација може да ги дознаете тековните податоци за квалитетот на воздухот за повеќе од десет илјади градови во повеќе од 80 земји во светот.

Покрај тоа, во апликацијата може да се најдат постари податоци и предвидувања за тоа како ќе се движи квалитетот на воздухот. Има и временска прогноза за следните седум дена, но без мноштво податоци за времето што инаку може да се видат во апликациите специјализирани за временска прогноза.

Покрај тековните податоци и предвидувања, AirVisual нуди и препораки за тоа како да се намали изложеноста на загадување, а тоа е особено корисно за сите оние кои страдаат од астма и други респираторни заболувања. Податоците се собираат од голем број уреди, и секој што ги има може да се приклучи на овој систем и со тоа да им помогне на сите оние за кои лошиот квалитет на воздухот предизвикува цела низа проблеми.

Меѓу другите можности, треба да ги издвоиме прикажувањето на градови и уреди за мерење на квалитетот на воздухот на мапата, едноставно пребарување на градовите, скалите на загадување и други работи. Апликацијата е потполно бесплатна и најдобро од сѐ, никаде не се прикажуваат реклами.

реклама

Мајк Тајсон заработува милиони долари од бизнисот со канабис

Read more

Стигна и првата аудиоснимка од Марс: Каков звук има на Црвената планета?

Read more

Ласерските топови се иднината: САД го развиваат најмоќното оружје

Read more

Што може да ви се случи ако долго време немате секс?

Read more

Софтвер

Конечно – инкогнито режимот што ни требаше

Read more

Кој е вирусот што зарази 30.000 Mac компјутери?

Read more

Ако го имате овој баркод скенер, веднаш избришете го

Read more

Новите емоџи на iPhone ќе ги разбеснат фанатиците и антиваксерите

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Сè што треба да знаете за Samsung Galaxy A12

Читај повеќе
  • play_arrow

Ново од Perseverance: Прв поглед на Марс од 360 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Играта „Tony Hawk’s Pro Skater“ пристигнува на Xbox, PS5 и Nintendo Switch

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Конечно: Вака изгледа смартфонот на преклоп Huawei Mate X2

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски научници одгледаа вештачки мозок кој се развива како човечкиот

Читај повеќе

Кинеската вакцина Sinopharm ефикасна во 72,51 отсто од случаите со COVID-19

Читај повеќе

Ако користите некоја од овие 20 лозинки, веднаш сменете ја

Читај повеќе

Колку е опасно да го оставате телефонот на полнач преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поглед во новиот Samsung Galaxy A32 5G

Читај повеќе