Живот

Ајде да летаме авиони од хартија – пријави се на Red Bull Paper Wings

26. март 2019 - 13:58 |

Сакаш да леташ авиони од хартија? Имаш неверојатни вештини за виткање авиони од хартија? Твојот авион секогаш летал најдалеку?

Red Bull Paper Wings се враќа во Македонија и ова е твојата шанса да се квалификуваш на најголемиот натпревар за авиони од хартија во светот и ако победиш да станеш новиот светски шампион во конкуренција од 64 земји и 384 универзитети.

Во 2015 година на натпреварувањето Red Bull Paper Wings имаше 46.000 учесници. Натпреварот стана хит главно меѓу студентите уште откако почна да се одржува во 2006 година, но старосни ограничувања за натпреварувањето нема.

Сега имаш шанса да ги покажеш твоите вештини во три категории:

-Најголема дистанца

Без керозин. Без мотори. Само авион од хартија свиткан од обичен A4 лист и вештини да го испратиш најдалеку од сите останати. Леталото мора да биде лансирано од еден човек со фрлање без никаква помош од позади линијата која ќе биде означена на земја. Престапување на линијата води до дисквалификација. Допирање на линијата или било која наредна точка за време на лансирањето, води до невалиден обид. Најголемата дистанца мора да биде мерена со стандардно или ласерско/видео метро. Пресудни во мерењето ќе бидат почетната линија и првото место каде што авионот ќе ја допре земјата или било кој друг предмет. Резултатите ќе бидат мерени во m/mm. Дозволени се два обиди по учесник. Може да се користат различни авиони и предвид се зема подобриот обид.

-Најдолг лет

Леталото мора да биде лансирано од еден човек кој го фрла леталото без помош од статична позиција. Натпреварувачот мора да ги држи двете нозе на земјата за време на обидот. Не е дозволен залет или брзо одење како дел од обидот, ниту пак употреба на рампи или слични уреди. Пресудни за мерењето се моментите кога авионот ја напушта дланката и првиот пат кога ќе допре земја или друг предмет. Резултатите се броени во десетинки од секунда. Дозволени се два обиди по учесник. Може да се користат различни авиони и предвид се зема подобриот обид.

Сите натпревари ќе бидат одржани внатре без никаков ветер/вентилација. Авионите мора да бидат направени од еден лист хартија: стандарден А4 формат, не повеќе од 100 грама. Листот мора да биде модифициран само со виткање! Без кинење, лепење, сечење, спојување и слично! Авионите мора да бидат направени на локацијата со официјалната хартија.

-Аеробатика

Ако имаш импресивни аеробатски трикови под ракав, сакаме да ги видиме. Телото на авионот мора да биде направено од хартија, но нема ограничувања околу квалитетот на хартијата, големината и конструкцијата на користениот авион. Не е дозволено авионите да бидат контролирани со далечински управувач. Поддржувачки материјали се дозволени, но не смеат да влијаат на летот на авионот откако ќе биде лансиран. Нема ограничувања за положбата и стилот на телото за време на лансирање на авионот.

Победникот од секоја категорија ќе добие шанса  да ја претставува Македонија на светското финале во легендарниот Hangar 7 во Салцбург, Австрија.

Затоа, пријави се на Квалификациите за Red Bull Paper Wings во Македонија што ќе се одржат оваа сабота, на 6 април, во Веро центар со почеток од 18 часот.

Пријавувањето е онлајн и може да го направите ТУКА преку посебната апликација на која ќе најдеш совети и туторијали за усовршување на твојата техника на правење авиони од хартија.

Следете ги новостите за Red Bull Paper Wings преку настанот на Facebook.

За сите други информации, како и туторијали за правење на различни видови на авиони и да видите како поминавме на Red Bull Paper Wings претходно, посетете го https://paperwings.redbull.com/mk-mk/

Се гледаме на 6 април во Веро центар!

*Промотивен текст

Коментирај