ПРВО ПА ЖЕНСКО 8

Ајде да зборуваме за менструација

Дискусијата за сексуално и репродуктивно здравје би била нецелосна доколку ја изоставува темата за менструација и процесот на менструирање.

Во ситуација каде темата за менструација е сѐ уште разговор кој се води во затворени кругови, во поделени групи на ученици, а оданочувањето на менструалните продукти има огромен удел во веќе дискриминирачкиот розов данок (pink tax), резултатот е едно финансиски прескапо табу. Патот кон менструалната еднаквост и правото на секое лице кое менструира достоинствено да се справува со своите потреби за време на менструација, значи дека достапноста и пристапноста до хигиенски продукти не смее додатно финансиски да ги обременува.

Потребата од едукација, системско решение и сојузништво против менструалната сиромаштија е одамна присутна, но за среќа, од неодамна се присутни и девојките од Period. The Menstrual Movement Skopje. Оваа година тие како дел од програмата на Прво па женско спремија проекција на филм и форум дискусија. Преку дискусијата со Ангела Јаневска, Наталија Крстевска и Ана Маркова Динева темелно ќе се разгледаат сите аспекти на менструацијата, вклучувајќи но не и ограничувајќи се на менструалното здравје, менструалната стигма како и менструалната еднаквост. Рушењето на табуата започнува од нас!

Проекцијата на филмот и дискусијата, ќе се одржат утре, четврток 20 август, од 20:30 часот кај Монтажната галерија во Паркот на Франкофонијата, како дел од програмата на Прво па женско 8 .

Запознајте ги подобро говорничките на овогодинешната панел дискусија:

Д-р Ана Данева Маркова

Ана Данева Маркова е раководителка на оддел за патологија на рана бременост и рана гестоза. Во 2015 докторира на Медицинскиот факултет во Ниш, а истата година е избрана за асистент - докторанд на Катедрата за гинекологија и акушерство. Од 2018 таа влегува во новиот состав на на Комитетот за безбедно мајчинство како претседателка. Главниот фокус на работата на д-р. Ана Маркова Данева е сексуалното и репродуктивното здравје кај жените и унапредување на материналното здравје. Авторка е на бројни научни трудови од областа на гинекологијата и акушерството и активно се залага за еднаквост во пристапот до здравствена заштита на жените во Северна Македонија.

Д-р Ангела Јаневска a.k.a @rumshtangla

Ангела Јаневска е специјализантка по гинекологија и акушерство. Како медицинско лице, има особен интерес кон здравјето на жените, но со еден поинаков, холистички пристап кој на еднакво рамниште ги става менталното здравје, нутрицијата, физичката активност, хигиенските продукти, козметиката, но го третира репродуктивното здравје како најважно. Заради природата на нејзината работат, Ангела е секој ден во најблизок контакт со последиците од отсуството на сеопфатно сексуално образование; но тоа го гледа и како можност за директна едукација. Смета дека нашата примарна задача, како членови на едно општество, е да се подобруваме себе но и другите во секоја можна прилика, без разлика на моментално опкружување. Во слободно време вежба јога, се инспирира од совршено склопени инстаграм профили и истражува корејска козметика.

Наталија Крстевска

Наталија Крстевска е студентка на Институтот за Специјална едукација и рехабилитација, четири години е врснички едукатор за Сеопфатно сексуално образование при ХЕРА и е финансиски координатор на Period @ Skopje. Има 20 години и доаѓа од Штип. Од 13 години има интерес за сите теми поврзани со феминизмот и СРЗП, а во слободно време ужива во шминка, видео игри и читање цели Википедии за сѐ што ќе помисли во 2 часот наутро.

Преземено од tiiiitinc.com

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Живот

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

Read more

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Читај повеќе

Кардиолозите предупредуваат на навика што го оштетува срцето повеќе од пушење

Читај повеќе

Гастроентеролози откриваат кое месо е најлошо за цревата

Читај повеќе

Петицијата за Данска да ја купи Калифорнија собра над 200.000 потписи

Читај повеќе
  • play_arrow

Каков е животот во градот што „исчезна“ под снег?

Читај повеќе

Рани знаци на деменција: На што да внимавате?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате грип или обична настинка?

Читај повеќе
  • filter

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

Читај повеќе

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Читај повеќе