ЛИЧНИ ИСКУСТВА ОД ЧИТАТЕЛКИ

Ајде да зборуваме за секс

Продолжуваме да ги објавуваме вашите елоквентни размислувања на тема сексуална еманципација.

Salt-N-Peppa имаа многу добра песна во 90тите која се викаше Let’s talk about sex (ако не ја знаевте до сега, може да ми се заблагодарите подоцна) и мислам дека од тука некаде почна мојата идеја дека за добар сексуален живот важно е да се има добра комуникација. Верувам дека до сега сто пати го имате слушнато токму истиот совет- треба да комуницирате со вашиот партнер. Без разлика дали станува збор за дневните обврски, за вашите жалби или поплаки, за идејата за иднината или проблемите од минатото, сигурно од каде и да сте барале совет, барем еднаш сте го добиле советот дека комуникацијата во една (меѓучовечка) врска е клучна. И додека целиот наш живот се базира на разговори, некогаш баш за клучните работи и не ни се зборува.

Сексот и интимниот аспект на врските најубаво се дискутираат во пар. Под тоа не подразбирам да не побарате помош ако навистина ви треба од искрен и близок пријател/роднина или од терапевт, но тој дел од врската верувам дека треба да биде прочепкан од оние кои се во самата врска. Сепак, има еден разговор кој треба да се направи пред да се вклучат двајцата во дискусијата- а тоа е разговорот сами со себе. Ова важи без разлика на тоа дали сте сексуално активни, дали сакате да бидете, дали сте сингл, со нов партнер или сте во врска со истиот партнер веќе со години. Сексуалниот апетит и желби се менуваат во зависност од многу фактори, како надворешни, така и внатрешни, па така првата личност која треба да ги забележи тие промени сте самите вие.

И овој разговор може да е еден од оние кои нема да ви се пријатни да ги направите. Што ако апетитите ви се смениле подалеку од она што го нуди партнерот? Што ако можеби сакате да пробате нешто ново? Што ако не знаете како тоа да му го претставите на тазе партнерот од страв дека тоа ќе ви ја прекине врската? И уште 1.000 „што ако“, и 1.000 „подобро да си молчам“. Но, иако некои од овие прашања може и слободно да ги оставите негибнати и потенцијално никогаш да не ви направат проблем во иднината, сепак верувам дека прво е подобро сами со себе да си разгледате колку ви се навистина важни. Има разлика во тоа дали сакате да смените или додадете некои финеси, и во тоа дали мислите дека ви е потребна смена на животниот и сексуалниот стил.

Зошто имав потреба да одам во секс шоп? Првото прашање што си го поставив на себе, кога ми дојде токму таа идеја. Што е тоа што ми фали? Дали воопшто нешто, или искрено ми е само досадно? Искрено, ми беше само досадно. Од фул тајм фриленсер со еден куп обврски, одеднаш во март се најдов со сосема празни недели во кои единствено имав да вежбам јога и да размислувам на многу различни теми (прочитав и некоја книга, океј). Една од тие теми беше токму мојата сексуалност и фактот дека истата имаше фатено еден малку подолг зимски сон, од кој верував дека е време да се разбуди. Па така, тргнав да ја будам. Почнав да мислам зошто би посегнала по секс шоп „намирници“ и кои би биле тие всушност. Дел по дел, ја имав таа дискусија со себе, за да знам точно што е тоа што го барам. Следниот чекор беше како ова да го споделам со партнерот.

И тука веќе беше малку поделикатно прашањето. Како да му објаснам на партнерот дека тоа што го барам не е нешто што тој не ми го дава, туку само нешто што би можело да се најде плус? Како да не ја повредам личноста која никако не потфрлила во тој поглед? Долго го мислев тоа и после извесно време решив без позадинска агенда, едноставно да го вратам разговорот околу сексот назад во нашиот дневен живот. Ова е исклучително лесно (и дефинитивно потребно) ако станува збор за нов пар. На почетокот повеќе се разговара за кој што сака, кој што го пали и до каде се границите на секој од вас. И така и треба да биде - тие разговори се круцијални на почетокот на една врска. Така најлесно би се избегнале недоразбирања во сферата на тоа кој за што е заинтересиран, а исто така би се избегнале непријатни моменти од типот на сред самиот чин еден од партнерите да добие сочен шамар од другиот партнер понесен од моментот (за ова дефинитивно мора да се разговара пред случката). Но, после многу години, и кога веќе си ги знаете „дугмињата“ предизвик е да се врати првичната искра во интимниот живот. Па така, некако спонтано, се решив да го направам токму тоа- преку отворена комуникација да видам дали можам да отворам некои нови поглавја за нас како пар. И мора да признаам, засега прилично добро оди.

После толку години сметајќи се себеси за одличен комуникатор, сфатив дека може и самата сум ставала граници на таа комуникација и се вратив на првиот совет (оној што најмногу го повторуваме) дека комуникацијата во една (меѓучовечка) врска е сепак клучна. Сега знам многу повеќе за мојот партнер, отколку што сум знаела претходно. Бидејќи исто како што моите желби варирале во текот на годините, варирале и неговите, а и тој исто како и јас решавал дека тој разговор може е подобро да се остави за другпат. Секако, некои работи нема да им се допаѓаат на двете страни (тука веќе станува збор за компромис, што го има во секој аспект на едно партнерство), но придобивките од она што ќе ви се допадне и на двајцата се исклучително поголеми отколку стравот за тоа дали треба некоја желба да ја премолчите или не. Затоа мислам дека е време да зборуваме за секс.

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе