Свет

Ајфеловата кула ќе биде затворена во сабота, 8.000 полицајци на улиците на Париз

6. декември 2018 - 22:36 | А.С.

Славната Ајфелова кула ќе биде затворена за посетители на 8 декември во сабота, поради најавените протести во Париз, соопшти компанијата задолжена за управување со градбата, SETE.

Во соопштението се наведува дека поради демонстрациите најавени за во сабота нема да можат со сигурност да ги услужат посетителите на Ајфеловата кула.

Стравувајќи од насилство на протестите, полицијата нареди затворање на десетина музеи во главниот град, меѓу кои и Гран Пале, како и други културни установи како Париската опера.

Францускиот премиер Едуар Филипе најави дека во сабота на улиците на Париз ќе има 8.000 полицајци, што е „многу повеќе отколку минатиот викенд“.

Тие ќе бидат опремени и со десетици оклопни возила, какви што немало распоредено во урбани средини во Франција од 2005 година.

Коментирај