Бендот „Ајрон мејден“ по успешната светска турнеја 2016/2017 за промоција на 16. студиски албум „The Book of Souls“, во 2018 година пак тргнува на турнеја.
Турнејата „Legacy of The Beast“ ќе ја почне во Талин, Естонија на 26 мај, а ќе ја заврши во арената О2 во Лондон на 10 август.
Комплетниот распоред на европската турнеја може да се види на веб-страницата на бендот, а се очекува со настапи да продолжат и во 2019 година. Најблиску до Македонија, засега се закажани концертите во Грција (20 јули), Бугарија (22 јули) и во Загреб на 24 јули.
Концептот на турнејата „Legacy of The Beast“ е инспириран од истоимената мобилна игра и стрип, а сценографијата ќе опфаќа низа различни, но сепак меѓусебно поврзани „светови“ што, со цел да постигнат разноликот, ќе ја следат сет листата со многу хитови о 80-тите и изненадувања од поновите албуми.
Продажбата на влезници почнува на 24 ноември, а ексклузивната претпродажба за членовите на Фан клубот ќе почне на 20 ноември.