Академија Пандев - прв македонски фудбалски клуб кој самостојно продаде ТВ права

Филип Здравески
/ 15.09.2021 / 13:49

Струмичкиот прволигаш се пофали дека склучил договор со регионалната ТВ куќа Sport Klub за емитување на домашните првенствени и куп натпревари.

Фудбалскиот клуб чиј основач и газда е прославениот Горан Пандев го направи првиот чекор кон медиумска промоција кој за македонскиот клупски фудбал делува како квантен скок. Струмичани успеаја упсешно да ги завршат преговорите со балканскиот спортски ТВ гигант Sport Klub кому ги продадоа правата за емитување на сите нивни домашни натпревари.

Како што соопшти клубот, договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенстевни натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22 сезона и наредните 2022/23 и 2023/24.

Ова е од огромно значење за македонскиот фудбал затоа што прв пат се случува вакво нешто. Досега ФФМ се договарала со домашни телевизии за пренесување на натпреварите од 1.МФЛ, а лани имаше договор со ArenaSport со тоа што дел од натпреварите одеа и на МРТ, но сезонава не падна договор откако шампионот Шкендија и токму Академија Пандев не ги прифатија понудените финансиски услови од ArenaSport. Очигледно струмичани биле способни самите да се изборат за подобри финансиски услови.

Викендов Академија Пандев му гостува на Пелистер во Битола, така да за прв пренос ќе почекаме до 26 овој месец кога дома го пречекуваат ривалот за титула, чаирски Шкупи.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе