Brera Holdings неодамна купи 90% од акциите на фудбалскиот клуб Академија Пандев. Новиот газда го повлече првиот конкретен чекор од преземањето на клубот, го смени името. Од наредната сезона клубот ќе настапува под името Брера Струмица.

„Брера Струмица е за нас стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадро за пазарот на светскиот фудбал. Затоа правиме напори за брзо да го вратиме клубот на водечките позиции“, изјави Серџо Скалпели, извршниот директор на Brera Holdings.
Со клубот влезе во подготовките за новата сезоната. Најпрвин во клубот ќе пристигне нов тренер, откако од клубот си замина Александар Васоски.
Македонската легенда, Горан Пандев, за 600.000 евра продаде 90% од акциите на Brera Holdings. Клубот го оформи во 2010 година откако не му беше дозволено да ја преземе Беласица. Најпрво беше академија за млади играчи, а потоа доби и сениорски тим и од општинската лига експресно го однесе до првата лига, каде е и денес. Сезонава заврши на разочарувачкото 9-то место. Во сезоната 2018/2019 го освои Купот на Македонија, а претходно и третата лига Исток и општинската лига.