Академијата за судии и јавни обвинители не фаворизира одредени кандидати, тврди директорката

Скопје, 9 октомври 2019 (МИА) – Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Наташа Гебер Дамјановска денеска изјави дека Комисијата, вработени во Академијата и таа лично работат строго професионално и оти не се фаворизираат одредени кандидати за слушатели на почетна обука.

-На јавниот оглас на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ за прием на 60 слушатели на почетна обука се јавија 670 кандидати, кои прво го полагаа јазичниот тест и на кој отпаднаа повеќе од стотина кандидати. На квалификацискиот испит отидоа да полагаат околу 500 кандидати, на кој паднаа околу стотина, а следниот викенд ќе се полагаат психолошкиот тест и тестот за интегритет. Четиристотини и четири кандидати продолжуваат понатаму, изјави директорката на Академијата, Наташа Гебер Дамјановска одговарајќи на прашањето во врска со наводите дека местата за обука биле загарантирани за одредени кандидати.

Таа рече дека не би знаела како може да се каже за било кои кандидати дека се фаворизирани или не,  бидејќи како Академија ги заштитуваат иницијално кандидатите кога тие ги поднесуваат своите документи со шифри и додаде дека на секој дел од тестот има дополнителна шифра која заштитува со цел да се обезбеди објективност во полагањето.

-Тоа особено важеше за квалификацискиот дел и исто така ќе се постапи и во понатамошните фази, затоа што и при полагањето на психолошкиот тест самите психолози посебно ги кодираат и имаат посебни броеви за секое од оние лица кои полагаат, без разлика на нивниот реден број што го добиваат од Академијата, рече Габер и посочи дека Академијата планира на ист начин да постапи и за вториот – практичен дел од полагањето на испитот со цел да се обезбеди објективност.

-Цврсто стојам позади тоа дека и Комисијата и самите вработени во Академијата и јас лично работиме строго професионално, рече Габер.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Во забавена снимка: Како делуваат различните маски за заштита од COVID-19?

Read more

Како би ја опишале Македонска Пошта во една фотографија?

Read more

Сабота и недела неработни, породилно отсуство 1 година и зголемување на минималната плата, бара ССМ

Read more

Македонија

Заев: Со барањето за Албанец премиер ДУИ уценува, под уцена не се разговара

Read more

Почна уривањето на бетонската база во Охрид

Read more

Заев: Mинималната пензија ќе изнесува 10.700 денари

Read more

Мицкоски: По победата по 15 јули треба да се засукаат ракавите

Read more

Вести

Нови протести во градовите низ Србија

Читај повеќе

Заев: Со барањето за Албанец премиер ДУИ уценува, под уцена не се разговара

Читај повеќе

Почна уривањето на бетонската база во Охрид

Читај повеќе

Рекордни дневни бројки на заразени на Балканот, најмногу кај нас и во Србија

Читај повеќе

Грците се плашат од увезени случаи на COVID-19 од кратки посети во С. Македонија

Читај повеќе

Заев: Mинималната пензија ќе изнесува 10.700 денари

Читај повеќе

Мицкоски: По победата по 15 јули треба да се засукаат ракавите

Читај повеќе

ДУИ бара Уставен суд да овозможи регистрирање на лица во изолација за гласање и деновите до 15 јули

Читај повеќе

Кои се правилата за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ?

Читај повеќе