Акција за собирање стари книги во организација на Култура Бета, Илика и Буква

Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“ организираат донаторска акција за стари книги со цел собирање средства за поддршка на младинската култура и настаните кои ги организира „Култура Бета“.

„Ако имате вишок, дупликати, книги со кои сте скарани, книги што мислите дека треба и други да ги прочитаат или едноставно сакате да им олесните на вашите преполнети полици, имаме одлична шанса каде да ги дадете вашите стари, прочитани книги и тие да завршат во добри раце!“ известуваат од „Култура Бета“.

Книгите може да се донираат во кафе-книжарницата „Илика“ во периодот од 20 август до 20 септември, а кон крајот на септември ќе биде органзиран донаторски базар на стари книги, како и целодневна културна програма со млади уметници. Средствата собрани од базарот ќе бидат искористени со цел поддршка на младите уметници, како и понатамошно организирање младински културни настани.

„Култура Бета“ е здружение формирано од млади луѓе кое скоро пет години посветено работи на ширење, афирмација и давање глас на младинската култура. Нивната активност се состои од секојдневно објавување на текстови, поезија, осврти, критики поврзани со различните видови уметност на нивната социјална платформа, но исто така и организација на културни настани, промовирање на млади книжевници, ликовни уметници, музичари, фотографи.

Ваков настан „од заедницата за заедницата“ се организира со цел поголемо вмрежување на уметниците, креирање на култура во помали, неформални и независни простори, како и поттик за формирање културна заедница која ќе си помага меѓусебе.

реклама

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Култура

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Read more

Нова театарска претстава за млади: Чудо

Read more

Браќа Манаки со престижна награда од Британското здружение на кинематограферите

Read more

Познати 15-те финалисти на годишните награди на Друштвото на писателите за 2024 година

Read more
 

Вести

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Читај повеќе

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Читај повеќе

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе