Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска, по средбата со претседателот на СДСМ Зоран Заев во Собранието истакна дека разговарале околу платформите за да ги доближат ставовивте, нагласувајќи дека ќе зависи од волјата на двете страни за да се постигне позитивен епилог во полза на државата.

– Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и не сакам последниот збор да го кажам. Ние инвестираме во прашањето за Албанците, во добра насока сме и готови сме ова да го направиме за државата затоа што придобивка ќе има стабилноста на државата, приближувањето на заедниците, сакаме и сме подготвени ова да го направиме за државата, истакна Ахмети.

Тој рече дека веќе го информирал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оти неговата партија започнала преговори со СДСМ, како победник со победник.

– Јас го информирав Мицкоски дека започнаа преговори меѓу ДУИ и СДСМ за тие да не создадат лажно мислиење, туку да знаат дека ние правиме напори за да постигнеме договор, потенцираше лидерот на ДУИ.

Тој изрази надеж дека сите партии ќе имаат силна волја за да се надминат разликите и потешкотите.

Околу прашањето за премиер Албанец, што беше предизборно ветување на ДУИ, Ахмети оцени дека, колку се блиску, толку се и далеку.

– Јас сметам дека колку што сме блиску толку сме и далеку, но сепак сите страни мораат да ги имаат предвид големите интереси на државата, рече Ахмети.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе