АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипермаркети. Целта на контролите беше проверка дали операторите се регистрирани во АХВ за сите дејности и активности во секој од објектите, дали и колку се исполнети општите и посебните хигиенски услови за храна, со акцент на спроведување на контроли во деликатес одделите и месарниците, како и во месарниците кои изработуваат свежи подготовки од месо.

Покрај ова се контролираше и исполнетоста на процедурите за чистење и дезинфекција на опремата, приборот за работа и спречување на вкрстена контаминација, снабдувањето со безбедна вода, поседувањето на санитарни книшки и сертификати за стручна подготовка на вработените лица кај операторите, чувањето и складирањето на храната, нејзиното потекло, следливоста (проверка на комерцијалните документи), како и почитувањето на температурниот режим за храната од нејзиниот прием до ладилник. Контролирано беше и водењето на записи за НАССР и Добра производствена и Добра хигиенска пракса, означувањето на храната, плановите за сопствено мострирање на операторите, спроведувањето на операциите за пакување/препакување, дезинфекција, контрола на штетници, а со вонредните контроли опфатени беа и магацините на операторите.

Донесени се 47 решенија за утврдени недоследности, изречени се 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра во денарска противвредност. Кај 15 оператори утврдени се незадоволителни хигиенски и технички услови во објектотите, кај 12 најдена е храна со поминат рок на употреба, а кај 5 храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана и сл. Тројца од контролираните оператори не извршиле задолжителни здравствени прегледи за вработените, 10 не воделе записи за HACCP, Добра хигиенска и Добра производствена пракса. Кај 4 оператори најдени се несоодветно означени производи, а еден објект не бил регистриран.

Нештетно се уништени 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо.

Тагови
реклама

Македонија

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Read more

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Read more

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Read more

Собранието ќе продолжи со работа следната недела

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе