Ако често ти недостига бившиот...

Не враќајте се на старо со надеж дека некој се сменил. Тоа не е љубов. Тоа е знак дека не се сакате доволно самите себе затоа што не можете да го пуштите токсичното минато.

Можеби размислувате вака: „Не смеам да му одговарам на пораките или телефонските повици, но ми недостига сето тоа“. После тоа, ве обземаат чувства како што се заедничките спомени, срцето ви трепери и копнеете по она што било. Сакате да ги вратите тие времиња. Мислите: „Можеби се променил“, а сте свесни дека се лажете себеси.

Како ќе престане да ви недостига нарцисоидниот бивш?

Луѓето кои ги привлекуваат нарциси имаат лабави граници. Нарцисите ги привлекуваат луѓе кои се зависни и не зборуваат за тоа што всушност го сакаат. Луѓето честопати мислат дека таквата врска е љубов, но не е.

Луѓето кои имале нарцисоиден родител биле условени да мислат дека нивното „грандиозно“ јас е нормално и дека тоа им дава самодоверба. Не е така, но мозокот мисли дека е.

Одредени луѓе ги привлекуваат нарциси затоа што не се соочиле со некоја сопствена траума. Сакаат да се „излекуваат“ со тоа што „ќе бидат тука за некој друг кој е повреден“. Затоа и воопшто стапувате во контакт со нарциси, потсвесно барате „нормализирана злоупотреба“. И кога ќе се ослободите од тоа, имате симптоми на одвикнување, како од никотин или дрога. Не се справувате со вашите проблеми. Сте се напуштиле себе си заради нив.

Личноста што навистина ви недостасува сте самата вие

Добрите времиња никогаш не биле навистина како што ви изгледаат. Сето тоа било испланирано, свесно или потсвесно. Нарцисите ве закачуваат за себе и сега кога ги нема мислите дека тоа е крајот на светот. Сте заминале бидејќи ви било лошо. Но, не се сеќавате на тоа. Се потсетувате на убавите времиња, кога сте си поминувале убаво заедно и кога сте мислеле дека врската со таква личност е како да сте добиле на лотарија.

Потоа нарцисот се враќа повторно во вашиот живот со скриени намери и мислите дека таа личност се променила. Кога „копнеете“ за такво нешто, повторно ќе го привлечете кон себе. Додека не го добиете. Таа огромна желба некој да ве „сака“ онака како што длабоко ви е потребно, е одраз на вашите рани. Тоа не е вистинска љубов.

Фокусирајте се на тоа зошто раскинавте

Фокусирајте се на тоа зошто го оставивте, особено кога умот ве потсетува на „убавите времиња“. Разберете дека добрите времиња не се „вистинска љубов“. Она на кое треба да се сетите е како било во лошите времиња, во моментите кога сте се расправале и слично.

Само се измачувате ако мислите дека тој бил добар за вас. Помислете како би изгледала таа врска доколку сте сè уште заедно. Колку бевте посветени на себе во таа врска и како всушност се чувствувавте цело време?

Враќањето на нарцисот е зависност

Кога ќе престанете да се навлекувате на „лажна“ среќа и „отровна љубов“ и ќе започнете да си давате љубов, нема да го чувствувате тој „копнеж“ за минатите токсични времиња.

Престанете да се држите до нечие рането срце и да мислите дека имате самодоверба и дека можете некого да промените. Престанете да зависите од нивните зборови и наместо тоа, погледнете ја целата слика.

Не одговарајте на нивните пораки или повици, не глумете херој. Затворете го тоа поглавје затоа што ако не го сторите тоа, тие ќе користат сè што имаат против вас. Не глумете херој. Не си повторувајте зборови како: Само уште овој пат ќе му дадам шанса. За последен пат“.

Сакајте се себе пред сè

Време е да се позанимавате со вашата зависност од нарциси. Сакајте се и фокусирајте се на себе. Кога ќе бидете среќни и кога ќе се сакате себе си, копнежот ќе исчезне. И само кога ќе се сакате себе си, ќе ви дојде љубовта што ви треба. Вистинската љубов се развива со текот на времето, таа не создава зависност како дрога, таа е убава и се развива бавно и на неа треба да работите, и двајцата.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Љубов и секс

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Read more

Љубовен хороскоп за јуни: Биковите пред брак, Јарците се навраќаат на стара љубов

Read more

Секси игри: Што е фетиш и кој е твојот?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more
 

Магазин

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Читај повеќе

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Читај повеќе

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе