Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Ако го минеме Косово, пласман на ЕУРО ќе бркаме во Грузија или Белорусија

22. ноември 2019 - 13:06 | Ф.З.

Денешната жрепка за баражите не беше наклонета кон македонската репрезентација која нема да биде домаќин на евентуалното финале. Тоа ќе се игра во Грузија или во Белорусија.

УЕФА денеска со жрепка ги одреди двојките за некои баражи, како и домаќините на финалните натпревари.

Во наша Лига Д домаќин на финалниот бараж ќе биде победникот од полуфиналниот натпревар помеѓу Грузија и Белорусија. Доколку Мкаедонија го совлада Косово, шансата за пласман на ЕУРО 2020 ќе ја бара кај една од овие две поранешни советски републики.

Бараж Лига Д

Грузија* - Белорусија*
Македонија* - Косово*

Домаќин на финалето: Грузија/Белорусија

Србија нема повеќе забрана за играње со публика и дури и ќе организира финале доколку ја елиминира Норвешка.

Бараж Лига Ц

Шкотска - Израел
Норвешка - Србија

Домаќин на финалето: Норвешка/Србија

Бараж Лига Б

Босна и Херцеговина* - Северна Ирска
Словачка - Ирска

Домаќин на финалето: Босна и Херцеговина/Северна Ирска

Романија, Бугарија и Унгарија иако се од Лигата Ц беа извлечени да се ги пополнат испразнетите места во Лигата Д. Жрепката не беше наклонета кон Исланд кој ја доби најсилната од трите, Романија, а ниту пак ќе организира евентуално финале.

Бараж Лига А

Исланд - Романија
Бугарија - Унгарија

Домаќин на финалето: Бугарија/Унгарија

*дебитанти во случај на пласман

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 26 март 2020 со почеток од 20.45 часот, додека финалињата се закажани за 31 март исто така од 20.45.

Коментирај