Хвича Кварацхелиа е чекор поблиску до трансфер во ПСЖ, тврдат медиумите на Апенинскиот Полуостров. Крилниот напаѓач има желба да се пресели во француската престолнина, а Наполи ја означи неговата замена. Според медиумите, претседателот на клубот ја намалил цената која треба да ја плати клубот од Париз.

ПСЖ од летото се обидува да го ангажира најдобриот грузиски фудбалер. Тренерот Луис Енрике го означи како идеална замена за Килјан Мбапе, кој како слободен играч се пресели во Реал Мадрид.
Јасен сигнал дека Кварацхелиа сака да го напушти Наполи е тоа што преговорите околу новиот договор сѐ уште се на почеток.
Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, се помирил со тоа дека фудбалерот сака да замине. Медиумите тврдат дека репил да ја намали цената од 100 на 80 милиони евра. ПСЖ му нуди на Кварацхелиа четири пати поголема плата од онаа што ја добива во Наполи. Доколку се пресели во Париз, годишно ќе заработува 8 милиони евра.
Наполи се подготвува за заминувањето на Кварацхелиа - во клубот на позајмица од Ливерпул треба да пристигне италијанскиот репрезентативец Федерико Кјеза.