Здравје

Ако не пиете доволно вода, јадете ја оваа храна

22. август 2017 - 16:47 | А.С.

За да биде телото здраво и да функционира нормално потребна му е вода. Редовната хидратација е важна и за добар изглед на кожата и косата.

Ако сте од оние луѓе кои немаат навика да пијат многу вода, внесете го во вашето мени ова овошје и зеленчук што содржи висок процент на вода. Секогаш одбирајте свежи производи и внимателно измијте ги пред јадење.

Зелена салата 96% вода

Краставица 96% вода

Домат 95% вода

Пиперка 94% вода

Лубеница 92% вода

Грејпфрут 90% вода

Диња 90% вода

Ананас 87 % вода

Коментирај