Ако не се придржувате на овие совети, маската нема да ве заштити од вирусот

Носењето заштитна маска е наједноставниот начин на заштита од пренесување и ширење на вирусот. Сепак, студија објавена во Physics of Fluids покажа дека носењето маска, без придружување на најважните мерки, е недоволна мерка за заштита.

Резултатите од студијата наведуваат дека носењето маска без одржување социјална дистанца веројатно нема да нè заштити од ширење на вирусот.

Студијата се занимава со прашањето дали маските се доволно добра заштита од капките кои се шират преку воздухот кај луѓето кои стојат еден до друг и разговараат.

За да дојдат до одговорот на прашањето, научниците користеле апарати кои го имитираат кашлањето и кивањето со употреба на 5 вида маски – N95 маски, хируршки, двослојни маски, обични маски и влажни маски.

Одговорот е дека маските не се толку добро средство за заштита ако личноста не е доволно оддалечена од соговорникот.

„Ако основните препораки за одржување дистанца се компромитирани, студијата покажа дека капките кои се последица од кивање и кашлање лесно ќе минат низ сите тестирани маски освен низ N95“, наведуваат авторите на студијата.

Маските сигурно ќе го намалат бројот на капки кои се шират низ воздухот, но сепак низ нив ќе минат доволен број кои потенцијално би можеле да предизвикаат развој на болести кај луѓето кои ќе ги вдишат, ако се оддалечени помалку од 2 метри.

Кога станува збор за влажните маски, британскиот епидемиолог Тим Спектор предупредува на ризикот носење на влажна маска како последица од временските прилики, односно дека маските се чувствителни кога влажноста во воздухот е висока. И професорот Карол Сикора  се сложува со тоа.

„Важно е луѓето да знаат дека по дождливо време треба почесто да се менуваат маските. Не постои маска која е скапа и која успешно е отпорна на висока влажност во воздухот. Менувајте ги обичните хируршки маски веднаш штом забележите сека се влажни“, порачува Сикора.

Исто така, користењето на веќе носени маски може да биде поопасно од неносењето маски. Новата хируршка маска со три слоја е дури 65% поефикасна во спречување на ширење на честичките. Сепак, ако маската е носена, тој процент опаѓа на 25. Носењето на таква маска ги зголемува шансите дека ќе вдишеме повеќе честички од оние кои не носат маска.

реклама

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе