Концепти

Ако некој може да ја носи ознаката GTI, тоа е Peugeot 208

17. март 2020 - 17:13 | А.С.

Сите добро се сеќаваме на легендарниот 205 GTI и неговите наследници. Одржувањето на оваа легенда ќе подразбира внесување на новите технологии.

Европскиот Автомобил на годината ќе добие и свое „пеколно“ издание. GTI во историјата на Peugeot има тежина, а приновата донекаде ја потврди и самиот шеф на францускиот бренд Жан-Филип Импарато.

Тој за Autocar го потврди потенцијалот за ваква изведба и рече дека работат на нешто што би можело да биде иднината на GTI.

„Ако некој може да ја носи ознаката GTI, тоа е 208-ката, дури и ако е електрична“, рече извршниот директор на Peugeot.

Приложените рендери даваат увид во која насока би можело да се движат дизајнерите на Peugeot. Имајќи предвид колкава трага остави оригиналот, 205 GTI, но и некои нови концептуални решенија, можно е Французите да имаат навистина големо изненадување.

Коментирај