Ако ништо не научиме од оваа криза, ќе доживееме уште полоша, вели Рајан од СЗО

Главниот експерт за вонредни состојби на Светската здравствена организација (СЗО) вчера предупреди дека светот ризикува нови пандемии доколку доживее „амнезија“ и не учи од сегашната криза предизвикана од ширењето на новиот коронавирус.

„Гледам амнезија која се чини го зафаќа светот како по трауматично искуство, и тоа е разбирливо“, рече Мајк Рајан на прес-конференција во Женева.

„Но, ако направиме истото како по пандемијата со SARS, по вирусот H5N1, по пандемијата H1N1, ако продолжиме да игнорираме што можат да ѝ направат нови и опасни патогени на нашата цивилизација, тогаш веројатно повторно ќе го доживееме нешто уште полошо по нашите животи“, предупреди Рајан.

Рајан ги критикуваше и развиените нации, велејќи дека северните земји управуваат со здравствените системи како со „нискотарифни авиокомпании“ и дека сега светот плаќа за тоа.

„На север, поради моделот на управување со трошоците на здравствениот систем, ги поставивме нашите здравствени системи така за да се користат 95, 98 или 100 проценти. Тоа е слично на модел на нискотарифна авиокомпанија", рече тој.

„Па сега ние ја плаќаме цената за тоа затоа што немаме вграден капацитет за брзо проширување на можностите за реагирање, затоа што гледаме на здравството како трошок во нашите стопанства, како товар на развојот, дека ја оптоваруваме економијата, и сега треба да размислиме што значи тоа.“

Лидерот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика државите да не ја политизираат истрагата за изворот на овој коронавирус, велејќи дека тоа само ќе создаде пречки за наоѓање на вистината.

„Треба да го знаеме потеклото на вирусот, бидејќи тој може да ни помогне да спречиме идни инфекции“, рече Тедрос.

"Нема што да се скрие. Ние сакаме да го знаеме потеклото и тоа е тоа", рече тој.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе