Ако сакате да ослабнете, фокусирајте се на квалитетен сон

Добриот ноќен сон им помага на луѓето полесно да ослабнат и да ја поттикнат правилната работа на метаболизмот, се наведува во новото истражување.

Откриено е дека повеќето од луѓето кои се на диета, а имале редовна навика на спиење, полесно ослабнале во пределот на струкот.

Четири петтини од оние кои спиеле редовно имале и навика редовно да се исхрануваат, односно да внесуваат три оброци дневно, што исто така им помогнало да изгубат килограми.

Најдобрите резултати биле постигнати кај луѓето кои спиеле околу 7 и пол до 8 часа дневно. Оптималното време за заспивање се смета дека е околу 22:10, затоа што имате дваесетина минути да заспиете и доволно време за квалитетен ноќен сон.

„Се нарекува ‘Сон за убавина’ бидејќи редовниот и квалитетен сон ни помага да изгубиме килограми и да живееме поздрав живот. Ова истражување покажа дека клучни за успех на диетата се дисциплината и рутината. Доколку не си легнете на време, поголеми се шансите дека потешко ќе заспиете, што може да доведе до неквалитетен сон и станување од креветот и барање на храна во фрижидерот“, рече Ли Смит, директор на организацијата Forza Supplements, која го изврши ова истражување.

Исто така, резултатите од истражувањето покажаа дека луѓето кои спијат помалку од седум часа дневно имаат нездрави навики на прејадување и нередовно јадење, што доведува до зголемување на бројот на килограми.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе