Фит

Ако сакате рамен стомак одбегнувајте ја оваа храна

20. април 2017 - 9:46 | А.С.

Во напорите за здрав живот и затегнато тело, здравата исхрана е многу битен фактор.

Овие намирници се здрави и треба да ги има на вашето мени, но не претерувајте со нив ако ваша цел овој период е намалување и израмнување на стомакот.

Професорката по медицина Лин Чанг вели дека овие намирници го подуваат стомакот и може да ве обесхрабрат во напорите за намалување на стомакот.

На прво место е кромидот кој содржи јаглехидратите фруктани што бавно се разградуваат во телото, што предизвикува задржување вода во цревата. Затоа може да имате гасови и да се чувствувате подуено.

Јогуртот е здрав напиток, но одредени видови, како овошните јогурти, имаат висока концентрација на шеќер што ферментира во телото. Нутриционистите препорачуваат полномасни јогурти што побрзо се разградуваат.

Брокулата спаѓа во групата здрава храна, но поради јаглехидратот наречен рафиноза предизвикува надуеност, бидејќи многу бавно се разградува.

Гравот е полн со неразградени влакна што предизвикуваат надуеност и гасови. Потопете го гравот во вода и оставете го да отстои во текот на ноќта пред да го готвите за да се разградат овие влакна.

Лубеницата е многу вкусна и здрава ужина, но содржи многу фруктоза што една третина од луѓето не можат брзо да ја разградат.

Коментирај