Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Лидерот на граѓанското Движење „Унгарија на сите“ (МММ) и кандидат на здружената унгарска опозиција за премиер Петер Марки-Зај изјави дека доколку победи на парламентарните избори следната пролет, планира да ги екстрадира во нивните матични држави поранешниот македонски премиер Никола Груевски и јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа, кои имаат азил во Унгарија.

Марки-Зај, во објава на Twitter нагласи дека станува збор за „криминални мигранти населени од (партијата) ФИДЕС“ на актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан.

– Ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од ФИДЕС. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од ФИДЕС, наведе Марки-Зај во објавата на Twitter.

Груевски доби азил во Унгарија во 2019 година, откако пред три години побегна од земјава по  изречената правосилна пресуда за издржување затворска казна.

Здружената унгарска опозиција на прелиминарно гласање организирано минатиот месец го избра 49-годишниот Марки-Зај, кој е градоначалник на Вашархељ, за заеднички кандидат за премиер на Унгарија, кој на парламентарните избори во април следната година ќе му се спротивстави на актуелниот премиер Орбан и неговата конзервативна популистичка партија ФИДЕС.

Според анкетите на јавното мислење, на изборите во април се очекува неизвесна битка меѓу ФИДЕС и коалицијата составена од шест опозициски партии и независни политичари предводена од Марки-Зај. 

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Македонија

Најстудено и најмногу снег во Лазарополе

Read more

Состојбата стабилна, засега нема потреба од нови мерки за новиот сој

Read more

Постудено со повремен дожд, снег и ветер

Read more

Русковска: Пожарот во автобусот почнал во багажниот простор што се наоѓа над резервоарот

Read more
 

Вести

Шефот на Moderna: Постоечките вакцини не се одговор на омикрон

Читај повеќе

Австрија парично ќе ги казнува оние кои одбиваат вакцинација, им се заканува и затвор

Читај повеќе

Најстудено и најмногу снег во Лазарополе

Читај повеќе

Состојбата стабилна, засега нема потреба од нови мерки за новиот сој

Читај повеќе

Сопственикот на „Беса транс“: Во автобусот немаше запаливи материи, тубите беа со вода

Читај повеќе

Постудено со повремен дожд, снег и ветер

Читај повеќе

Русковска: Пожарот во автобусот почнал во багажниот простор што се наоѓа над резервоарот

Читај повеќе

Телата на загинатите во автобуската несреќа в петок ќе бидат пренесени авионски

Читај повеќе

Заев-Гаши: Постигната начелна согласност за програмските аспекти

Читај повеќе