Ако сте тазе пар, не ги правете овие работи

Колку и да се радуваме на среќата и љубовта на другите, луѓето на почеток на врската може да бидат страшно иритантни со нивното однесување и немање осет за другите во нивно присуство.

Ако вие имате ваков пар во близина, јасно ви е за што зборуваме. Ако вие сте новиот пар во друштвото, не бидете „тој“ пар.

Ова се петте најиритантни работи што ги прават тазе паровите:

Пренос на врската на социјални мрежи

Знаете што покажуваат сите истражувања? Двојките кои се навистина среќни не го полнат Facebook со фотки и статуси за тоа колку се среќни. Исто така, веќе не знаеме по чиј Instagram профил скроламе, неговиот или нејзиниот - секаде се фоткаат заедно! И Twitter не е место за „гугукање“ во коментари.

Премногу лигавење

Многу луѓе не сакаат покажување на емоции (и повеќе!) во јавност и кога се со друштво, а уште помалку сакаат да ве гледаат како се бакнувате, грицкате и пофаќате додека сите други јадат или гледаат филм. Знаеме дека сте тазе, ама дечки, навистина, остајте го тоа за на само!

Ние

Ова се однесува на парови што се заедно одвај една недела, а веќе зборуваат за себе во множина како да се заедно цела вечност. „Ние не сакаме да одиме таму“, „Ние не јадеме пица со кулен“, „Ние, ние, ние...“

Слатки имиња што треба да останат приватни

Немаме ништо против размена на нежности и се радуваме за вас што си имате слатки прекари еден за друг, ама тоа не значи дека сакаме да ги слушаме „маченце“ и „зајче“ цела вечер.

Мудрување

Највисоко на листата иритантни работи што ги прават тазе паровите е нивното просветлување, односно мудрување за љубовта, врските и животот, по еден месец „во рајот“. Не, не станавте преку ноќ експерти за меѓучовечки односи, ја немате тајната формула како „да фатиш некој“, кога ни ти не знаеш дали ќе дочекате годишнина. Фала не ми треба совет, врати си се на облакот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе