Ако Земјата се судри со Марс, која планета ќе преживее?
Во ова интересно, анимирано видео е прикажана можноста Земјата да се судри со Марс и како потоа би се одвивале работите. Дали човештвото, ако е обединето и заедно работи на решение на проблемот, би успеало да се спаси и да започне нов живот надвор од Земјата?
Навистина е интересно да се види оваа перспектива прикажана од BrightSide, во која всушност фокусот е поставен кон значењето на технологијата и развитокот на вселенската програма која можеби во иднина би помогнала да се спаси човечката цивилизација.