Актерите за јубилејот на прилепскиот театар: Има врвни признанија, но нема нов театар

Прилеп, 18 февруари 2019 (МИА) – Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ денеска одбележува 69 години од постоењето или од првата театарската претстава „Кир Јања“ од од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Вечер од 19.30 часот ансамблот ќе го одбележи јубилејот со претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Горѓиевски.

Денот, ансамблот го поминува работно, во проби за претставата „Демократија“ во режија на Кирил Петрески.

Еден од доајените на прилепскиот театар, Марјан Чакмакоски вели дека има што да се памети низ годините и децениите во прилепскиот театар. Оттука се оформиле врвни македонски театарски, актерски и режисерски имиња, а театарот се уште функционира во зградастара речиси 100 гопдини која била некогашното прво прилепско кино. Копнежот по нова театарска зграда е евидентен.

Во овие речиси 70 години на прилепскиот театар, мислам дека ќе се паметат многу работи. Во овој објект овде, кој сам по себе е историја, се случиле многу убави претстави и театарски моменти и не случајно опстоил 7 децении. Сакам новите генерации да дочекаат многу поубави услови, го заслужуваат тоа. Впрочем, публиката и градот заслужуваат нов театар, вели Чакмакоски.

Актерката Ангела Наумоска која е и добитник на наградата за најдобар актер на ланскиот, последен Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински“ кој се одржува во прилеп, смета дека актерите се тие кои создаваат уметност, а публиката е таа која се огласува и ќе ги оценува достигнувањата.

– Добро е да има уште поубави услови. Но, добро е што екипата ни е компатибилна, те прифаќа таков каков што си. Публиката ќе го каже своето, се надевам и во наредните седум децении, вели Наумоска.

Прилепскиот театарски ансамбл е единствен во Македонија кој за 10 години пет пати ја освоил најпрестижната награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ за најдобра претстава. Врвните резултати зависта од ансамблот кој е најголемото богатство на театарот, смета режисерот Кирил Петрески.

-Екипата е најголемата инспирација за работа во овој театар и мислам дека така ќе остане и во следните години. Друго се тејхничките услови. Театар се прави и на улица. Најбитна е екипата и посакувам ваква и да остане: расположена креативна и вредна, смета Петрески.

Ансамблот работи во крајно тешки технички услови. Имаше најави дека ќе се гради нов театар, но од тоа се уште нема реално ништо. Според актерите Димитар Ѓорѓиевски и Михајло Миленкоски, најбитен е односот на државата, а освен тоа театарот 20 години нема правен статус и е под капата на центарот за култура „Марко Цепенков“.

– Ние, актерите, сите си ја сакаме, си ја обожуваме работата, но техничките улови се лоши. Се надеваме дека, барем, наредните 50 години дека условите ќе се подобрат, ако не за нас, за идните генерации. Сегашните услови се такви долги години. И не е до староста на објектот, иако има 100 ина години. Не е толку до немањето финансиски средства, туку е до неодржувањето. На пример, во Лондон има театри од 1520 година, а се одржувани и функционираат. Сега , нареден чекор би бил да се реновираат објектите или да се изгради нов театар. А потоа, се треба да се одржува. И нека биде нов театар, ама ако не се одржува, за 20 години ќе се распадне. А парадоксално е дека колку условите се полоши, а политичката ситуација е потурболентна, ние сме покреативни. Всушност тоа е и како своевидна инспирација. Но, сепак, успесите треба да се наградат, дали за ансамблот директно или со подобрување на техничките услови. Проблемот е што се нема слух да се одговори правопропорционално на тоа што ние го работиме. Ако покажуваме резултати, тогаш и другата страна треба да возврати. Во случајов Министерството за култура или државата. Но во светот има и други начини. на пример мецени на театарската уметност. Но ние сме мало општество, а во моментов, наш мецена е државата, смета актерот Ѓорѓиевски.

– Ми пречи што како правна институција прилепскиот театар не постои. Во рамките е на Центарот за култура „Марко Цепенков“ веќе 20 години. Тажно е што се отвораат нови театри, ама прилепскиот правно две децении не постои. Како актер посакувам да прославиме 70 години, наредната година, и театарот како институција да се врати и да постои, заклучува младиот актер во приелпскиот театар Михајло Миленкоски.

Според статистиките, во 69 години се одиграле над 370 премиери или преку 7.000 претстави пред публика од 2 милиона. меѓу најгфледаните до ден денес се комедиите „Солунски патрдии“ и „Од кол на кол“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе