Филм & ТВ

Актерот Џефри Дин Морган ја породи сопругата

12. март 2018 - 15:39 | А.С.

Изгледа времето поминато на сетот на медицинската ТВ-драма „Gray’s Anatomy“ му се исплатеше на актерот Џефри Дин Морган повеќе отколку хонорарот. Актерот ѝ помогнал на сопругата да се породи со ќеркичката која ја чекаа долго време.

По неколку спонтани абортуси, тешко разочарување, депресија и пет години обидување, актерката Хилари Бартон и Морган ја добија ќерката Џорџ Вирџинија Морган.

Хилари порано беше водителка на MTV и по улогите во неколку тинејџерски серии, се вивна во светот на холивудските ѕвезди.

Ова е прво дете на Бартон и Морган, кој е 16 години постар од неа и моментално игра во популарната серија „The Walking Dead“ на AMC.

„Запознајте ја Џорџ Вирџинија Морган. Родена е на 16 февруари, а во породувањето помогна татко ѝ. Многу ја сакаме“, објави Бартон на Instagram, неможејќи веќе да ја сокрие радоста од јавноста.

Бартон веќе го има синот Август од претходна врска.

Коментирај