Маската која актерот Кевин Спејси ја носи во новото остварување „All the Money in the World“ е толку мајсторски направена, што го прави популарниот актер тотално непрепознатлив.
Спејси овде ја толкува улогата на нафтен тајкун, Џеј Пол Гети, кој и покрај тоа што е милијардер одбива да го плати откупот на луѓето кои го киднапирале неговиот син.
Што е посилно: Љубовта кон блиските или љубовта кон парите, е главната тема со која се занимава Ридли Скот во своето ново остварување.
Во продолжение погледнете го првиот трејлер за филмот „All the Money in the World“: