Актерот Пол Ритер од серијата „Chernobyl“ почина од тумор на мозокот

Пол Ритер, англискиот актер најпознат по своите улоги во минисеријата HBO „Chernobyl“ и филмовите „Harry Potter and the Half Blood Prince“ and „Quantum of Solace“, почина на 54-годишна возраст.

Според изјавата на неговиот агент, Ритер починал вчера, 5 април, од компликации поврзани со тумор на мозокот.

„Пол беше исклучително талентиран актер кој со извонредна вештина одигра разновидна палета на улоги, како на сцена, така и на филм“, рече агентот на Ритер. „Тој беше жестоко интелигентен, љубезен и многу смешен. Многу ќе ни недостасува“.

Во „Chernobyl“, Ритер го портретираше Анатолиј Дјатлов, заменик-главен инженер во нуклеарната централа во Чернобил. Минисеријата од 2019 година освои 10 награди Еми и два Златни глобуса.

Ритер ќе остане запаметен и по улогата на Елдред Ворпл во „Harry Potter and the Half Blood Prince“ од 2009 година и Гај Хајнс во Џејмс Бонд филмот „Quantum of Solace“ од 2008 година.

Ритер исто така ѝ беше познат на публиката во Велика Британија по неговата улога во комичната серија на Channel 4 TV „Friday Night Dinner“. Во 2012 година, серијата доби номинација за БАФТА за најдобра ситуациска комедија.

Remote video URL
Remote video URL
Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе