Активен 16.231 случај со COVID-19, расте бројот на оздравени пациенти

До вчера во земјава беа регистриарни 16.231 активни случаи на COVID-19, од кои најголем број – 9.985 се од Скопје. На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 700 позитивни или суспектни пациенти на коронавирусот, од кои 300 се во Скопје, а има околу 560 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Според вчера објавените податоци на Министерството за здравство во претходните  24 часа, во државава се регистрирани 403 нови случаи на COVID-19 од направени 2.118 тестирања, од кои 165 во Скопје, починала 10 лица, а оздравеле 339 пациенти.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 88.389, бројката на оздравени пациенти е 69.476, а на починати е 2.682.

Од понеделник, како што најави Министерството за здравство, во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“, пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП, кои се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите.

Во трите поликлиники, кои се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на таа здравствена услуга, од следната недела ќе има посебен план. Лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во темини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.

„Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид – центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена услуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување“, изјави директорот на Здравствениот дом Скопје, д-р Виктор Исјановски.

Во очекување на пристигнувањето на првите антиковид вакцини во земјава и стартот на вакцинацијата на населението, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус вчера повика на спроведување кампањи за вакцинација за COVID-19 во сите држави во светот во следните 100 дена.

„Сакам да видам спроведување вакцинација во секоја држава во следните 100 дена, така што здравствените работници и оние со висок ризик први ќе бидат заштитени“, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

Во исто време, СЗО вчера испрати апел до државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

„Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапни“, препорача СЗО.

Според Организацијата, доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето.

Од друга страна, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера  ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ.

„Ја поздравувам оваа иницијатива. Овие сертификати мора да бидат заемно признаени и стандардизирани“, изјави Фон дер Лејен.

Во однос на забелешките дека воведувањето на вакви сертификати може да ги дискриминира луѓето кои немале пристап до вакцината, Фон дер Лајен изјави дека ова може да се реши со комбинација на такви потврди и негативен тест за COVID-19.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе