Активни 20.250 случаи на заразени со COVID-19

Скопје, 23 јануари 2022 (МИА) – Во текот на изминатите денови се бележат се поголем број на заразени лица со COVID-19, што се должи на брзото ширење на новиот сој омикрон.

Во моментов во земјава се активни 20.250 случаи на заразени лица, а според податоците на Светската здравствена организација во светот се дијагностицирани над 340 милиони заболени. Од СЗО предупредуваат дека ризикот од омикрон останува многу висок.

Од почетокот на епидемијата досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.

– Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти вчера Светската здравствена организација. Според информациите од завчера Светската здравствена организација добила податоци за вкупно 340.543.962 заразени и 5.570.163 починати.

Најголем број заразени со COVID-19 е регистриран на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се идентификувани 3.933.319 случаи. Најголем број потврдени случаи има во САД – речиси 68,2 милиони. Следува Индија со 38,6 милиони случаи, потоа Бразил (23,4 милиони), Британија (15,6 милиони) и Франција (15,2 милиони). Најголем број починати од Ковид-19 има во САД (852.334 лица), потоа Бразил, Индија, Русија и Мексико.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера издаде соопштение за омикрон, во кое се наведува дека ризикот поврзан со оваа варијанта останува „многу висок“.

– Врз основа на достапните докази, ризикот поврзан со омикрон останува висок. Омикрон се шири многу побрзо од делтата, што доведува до големо ширење во заедницата, а со тоа и поголема инциденца, отколку што сме виделе во пандемијата претходно, соопшти СЗО.

СЗО додава дека, и покрај тоа што е помала веројатноста од сериозен тек на болеста отколку кај претходните видови, омикрон е многу заразен што резултира со зголемени хоспитализации и продолжување на притисокот врз здравствениот систем во многу земји, што може да доведе до значителна смртност, особено кај луѓето со чувствително здравје.

– Во многу земји се пријавени многу хоспитализации и приеми на интензивна нега, бидејќи ова се нивоа на инфекција што не ги видовме за време на пандемијата. Потребни се повеќе податоци за да ја сфатиме јачината на сојот, според количината на потрошениот кислород, употребата на респиратори и бројот на смртни случаи од омикрон, се додава во соопштението.

Во земјава вчера беа регистрирани 1.913 нови случаи на COVID-19. Од МЗ посочија дека од вкупниот број на позитивни регистрирани се 243 реинфекции. Вчера се регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти, како и 16 починати.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Read more

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Read more

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Read more

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Read more
 

Вести

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе