Активни 8.667 случаи на COVID-19, ќе се набавува најсофистицирана терапија за лекување

И покрај тоа што се бележи стабилизација на бројот на заболените од COVID-19, вчера беа регистрирани нови 336 случаи. Сепак, надлежните остануваат на ставот дека вирусот е под контрола и најавија набавка на нова најсофистицирана терапија за ковид-пациентите.

Целата терапија за третман на ковид-пациенти кај нас веќе е достапна, а како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, дополнително ќе се набави нова терапија.

Поточно, Министерството за здравство вчера испратило писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од COVID-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”.

– Првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земји, ќе биде и кај нас, истакна вчера Филипче. Овој лек ќе биде набавен со помош на кредит од Светска банка.

По потврдувањето на првиот случај на британскиот сој на вирусот, лекарите предупредуваат дека тој веројатно ќе стане доминантен во земјава поради поголемата способност за ширење.

Докторот Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“, каде што беше детектиран британскиот сој на COVID-19, вели дека оваа варијација на вирусот веќе циркулира кај нас, а поради неговите особености најверојатно ќе стане се подоминантен, поради што треба да има постојан мониторинг со воведување нови методологии.

– Препораката од СЗО и Европскиот центар за контрола на заразни болести е барем пет отсто од сите позитивни изолати да се секвенционираат со цел утврдување на промената на соевите, а тоа ќе биде релевантно за самите стратегии за сузбивање на пандемијата, на пример дали ќе треба да се преземат порестриктивни мерки, бидејќи многу полесно се пренесува, дали ќе има влијание врз ефикасноста на вакцините, рече Кунгуловски.

Тој појасни дека за неколку месеци, британскиот сој ќе стане доминантен и во државава и во многу земји, бидејќи многу полесно се пренесува од претходните соеви.

Овој вирус, како што рече, еволуира многу побавно и најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина. Се смета дека се пренесува за 70 отсто побрзо од претходните соеви, односно доколку требало да се заразат десет луѓе ќе се заразат 17 луѓе.

-Иницијално излегоа податоци дека нема влијание врз смртните исходи, но сега излегуваат податоци за кои треба да се направат и подетални студии, не сакаме да креваме паника, има некои индикатори дека благо е зголемена и смртноста за 30 отсто. Но, за тоа да стане факт треба подетални студии кои ќе бидат рецензирани од експерти за да се излезе со таа информација, посочи д-р Кунгуловски.

Сепак, како што појасни, вакцините функционираат доволно добро и кон новите соеви на вирусот. При студиите се утврдило дека вакцините кои се неверојатно добри ги поминале сите фази на студии, имаат солидна ефикасност и ја неутрализираат појавата на сериозна болест при инфекција со коронавирусот.

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава е 579, од кои во 334 во Скопје. Има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Од почетокот на епидемијата, во С Македонија се дијагностицирани 91.891 ковид позитивни лица. Оздравени се 80.393 пациенти, а починале 2831. Бројот на активни случаи изнесува 8667.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе