Живот

Ал Пачино остана без девојка: Тешко е да се биде со толку стар човек

19. февруари 2020 - 14:17 | Б.С.Б.

Социјалните мрежи се вжештени од реакциите за коментарите на бившата девојка на Ал Пачино, а според мислењето на многумина јасно е дека таа била со него само поради парите.

Ал Пачино (79) и неговата израелска колешка Меитал Дохан (40) не се повеќе во врска. Веста ја потврди актерката во интервју за израелскиот магазин Lalsha, откако се појавија гласини дека тие не се повеќе во врска бидејќи Пачино се појави сам на доделувањето на Оскарите.

„Тешко е да се биде со маж толку стар, дури и ако е Ал Пачино“, рече 40-годишната Дохан. „Разликата во годините е огромна, се обидов да преминам преку тоа, но тој е веќе стар човек, да бидеме искрени. Дури и со мојата љубов кон него, врската не траеше“, вели таа.

Запрашана дали често добивала подароци, таа се насмеа.

„Единствено што ми купуваше се цвеќиња, како пристојно да ви кажам дека не сакаше да троши пари?“, вели таа.

Во врска со Пачино беше околу две години, откако се запознаа во Холивуд. Дохан вели дека се надева дека ќе останат добри пријатели.

„Се скарав со него и го напуштив неодамна, но се разбира дека навистина го сакам и го почитувам. Мило ми е што му се најдов кога имаше потреба и што сум дел од неговиот живот. Тоа е чест за мене. Мило ми е што бевме во врска и се надевам дека ќе останеме добри пријатели“.

Обожавателите на Пачино овие денови постојано коментираат на Instagram профилот на Дохан дека била со него само поради парите и дека им е мило што тој не го трошел неговото богатство на неа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

BE FREE

A post shared by Meital Dohan (@meitaldohan) on

Коментирај