Аларм за будење: Ова се паралелните реалности во кои живееме
Уметникот Угур Галенкус од Истанбул, Турција креира колажи од фотографии и слики за во кои става во контрапункт две дијаметрално различни реалности што се одвиваат во светот. Во голем дел од неговите дела се употребени фотографии на фоторепортери кои известуваат од најкритичните места низ светот, наспроти комерцијални фоторафии.
Намерата му е да покаже колку се различни паралелните реалности во кои живееме, контрастот на световите што за едни се реалност, а за други сон, односно кошмар.
Работата на Угур може да ја следите и на неговиот Instagram профил.