Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите со симптоми на COVID-19

Освен што нема никакви ограничувања за влез во земјата, Албанија, за сите туристи кои одлучиле да одмораат на нејзиното крајбрежје и другите туристички места, обезбеди бесплатни брзи тестови во случај на појава на симптоми на COVID-19.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу информираше дека почнале да функционираат 29 здравствени амбуланти каде 24 часа се достапни здравствени услуги, како и бесплатни тестови за секој сомнителен случај.

-Во секоја летна здравствена амбуланта во крајбрежните и планинските туристички области, се нуди 24-часовна услуга за секоја итна медицинска помош, како и бесплатен брз тест, за секој случај за кој постои сомневање за COVID-19. Во случај на појава на некој од симптомите, одете во најблиската здравствена амбуланта. Заедно, да го ограничиме ширењето на коронавирусот, за безбедна туристичка сезона, напиша Манастирлиу во објава на Facebook.

На располагање е и бесплатниот телефонски број 127.

Во меѓувреме во земјата продолжува процесот на имунизација, а епидемиолошката состојба е стабилна.

Четири дена по ред нема починат како последица од COVID-19, бројот на заразени е минимален, односно вчера имаше само четири нови случаи, од направени 2.771 тест. 

Aктивни случаи има 124, од кои болнички се лекуваат само седум пациенти. 

Тагови
реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе