Албански гангстери тероризираат цела населба во Англија, целта е да ја намалат вредноста на имотите

Дејзи О'Доерти тврди дека албанските гангстери ги тероризираат жителите на општинскиот имот каде што живее и дека нејзината населба живее во постојан страв.

Бандата Hellbanianz живее на имотот Гаскоин во Баркинг, Англија, а членовите често ги прикажуваат своите криминални подвизи на социјалните мрежи.

За да ја зголемат својата озлогласеност, гангстерите од источен Лондон честопати се фалат со фотографии со од автомобили, пари и пиштоли на Instagram.

Долгогодишната жителка Дејзи О'Доерти вели дека членовите на Hellbanianz намерно ќе се однесуваат на застрашувачки начин за да ги исплашат локалните жители, според британски Mirror.

Бандата се здоби со слава во 2017 година, откако членовите почнаа да објавуваат рап видеа во кои се фалат со парите што ги заработиле од дилање дрога и други криминални активности.

Remote video URL

MyLondon известува дека пред неколку месеци, О'Доерти се разбудила од силното алење на нејзиното куче доцна во ноќта, пред ситуацијата да стане „непријатна“.

„Кучето беше навистина нервозно околу два часот наутро, и моите мачки беа исплашени, но на почетокот тоа си го објаснив со фактот дека се спасени од улица и беа генерално исплашени“, рече таа.

„Слушнав бучава надвор и кога ја отворив влезната врата надвор стоеше полицаец со пиштол и кучиња. Ми викаше: ‘Влезете внатре!’. Никогаш не сум видела такво нешто во мојот живот“, рече таа.

Remote video URL

Жителката на Баркинг подоцна дознала дека рацијата била дел од полициска операција чија цел била да се изврши операција „rent-a-gun“ во југоисточна Англија.

Десет лица беа уапсени за прекршоци, вклучително и заговор за поседување огнено оружје со намера да го загрози животот и заговор за извршување на тешка телесна повреда со умисла.

О'Доерти објасни дека жителите како неа научиле да живеат заедно со членовите на бандата Hellbanianz.

„Постојано слушате или автомобили како нагло сопираат, или луѓе како се расправаат, пуштаат гласна музика од автомобилите и многу гласно разговараат во ниедно време. Сето тоа се прави со причина“, вели таа.

Remote video URL

„Навистина има многу причини за загриженост ако живеете тука сега, таков е животот, постојано има заплашувања. Особено кога си бела жена која живее сама во општинскиот имот. Јас сум цел, без сомнение. Нема толку многу луѓе кои живеат тука долго време и мислам дека планот е да ја пропаднат населбата, да ги натераат луѓето да ги продадат становите евтино, за да можат гангстерите полесно да ја преземат населбата“, смета таа.

О'Доерти тврди дека нарко бандите на имотот ги таргетирале луѓето со празни соби за да ги продадат.

Таа рече дека проблемот го надминува насилното преземање на домовите на ранливите луѓе за да се користат за криминални активности - и дека ситуацијата влијаела на луѓето кои инаку не би биле цел на банди.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе