Албанските граѓани ќе добијат „ковид пасош“ по примената прва доза на анти-ковид вакцината

Тирана, 22 јануари 2021 (МИА) – Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави дека лицата кои ќе бидат вакцинирани против COVID-19, ќе добијат документ издаден од владиниот портал е-Албанија, што може да послужи како „пасош за патување“ во странство.

-Планиравме и подготвени сме преку е-Албанија да го добиеме форматот за вакцинација. Така да секој кој ја примил првата доза од вакцината ќе добие „пасош за патување“ во странство преку код скениран преку е-Албанија, рече таа.

Додаде дека поради познатите причини кои ги објави Фајзер доцни испораката на договорените над 10 илјади вакцини од оваа компанија, кои требаше да пристигнат првите денови од третата недела на овој месец.

Порад зголемениот број на новозаразени со COVID-19 упати апел до граѓаните и деловните субјекти строго да ги почитуваат мерките и протоколите.

Инаку, во последното деноноќие од направените 3.314 тестови, позитивен резултат е добиен кај 739 што е околу 23 отсто од тестираните.

Во списокот на оздравени се внесени 469, битката со опасниот вирус ја загубиле седум лица, сите во болнички услови, додека во четирите ковид болници се хоспитализирани 274 пациенти.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе