КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Албанските навивачи со шишиња ја сузбиваа радоста на полските фудбалери

Незадоволни што Полска им го урна мундијалскиот сон, албанските навивачи прославата на победничкиот гостински гол ја зачинија со дожд од пластични шишиња. Сега ги очекува драстична казна од ФИФА.

Стрелецот Швидерски (лево) и Тимотеуш Пухач

По изненадувачкиот триумф во Будимпешта над Унгарија, Албанија се најде во позиција да се бори за второто место и пласман во баражите, односно продолжување на мундијлскиот сон. Но, за таа да се оствари не смееја синоќа да загубат дома од фаворитот и директен ривал Полска.

Полјаците иако поквалитетна репрезентација, се мачеа да го постигнат тој победнички гол, а тоа конечно им успеа во 77. минута кога Матеуш Клих мајсторски со долга топка го пронајде Карол Швидерски кој од тежок агол од прва по земја ја затресе мрежата на одличниот Етрит Бериша.

Камил Глик (лево) се придружи на славјето и доби по некое шише

Бидејќи новиот „Ер Албанија“ стадион во Тирана е граден во англиски стил, трибините се веднаш после теренот. Швидерски се радуваше крај гол-аут линија, а набрзо му се придружија и неговите соиграчи, но незадоволните албански навивачи почнаа да ги гаѓаат со пластични шишиња и други предмети.

Француските судии веднаш го прекинаа натпреварот, а двете репрезентации се упатија кон тунелот.

Remote video URL

По околу 20-минутна принудна пауза, натпреварот продолжи, а резултатот не се промени, па Полска освои три бода со победата од 1:0 и го презеде второто место од Албанија.

ФИФА веднаш го осуди инцидентот, а Албанија сега ја очекува казна за лоша организација. Од слични инциденти во минатото, ФИФА обично доделува паричка казна плус забрана за играње со публика неколку натпревари. Останува да видиме колку натпревари Албанија ќе мора да одигра пред празни трибини, ако биде повеќе од еден тоа ќе значи дека казната ќе се пренесе и во претстојната нова сезона на Лигата на нации која следува во јуни.

Што се однесува до борбата за тоа второ место, сега Полска е во предност бидејќи има 17 бода, два повеќе од Албанија, но и полесен распоред. Со две кола до крајот Полјаците играат на гости кај Андора и дома со Унграија, додека Албанија патува кај Англија и игра дома со Андора.

реклама

Најдобри во зодијакот - и астролозите бираат да им се родат децата во овој знак

Read more

Дали треба да ја пиете водата што отстоила преку ноќ во чаша?

Read more

Како изгледаат снимки на белите дробови од вакциниран и невакциниран ковид пациент?

Read more

Јавноста незадоволна од статуата на покојниот пејач: Ако ова е Тоше...

Read more

Фудбал

Бекам станa амбасадор на СП во Катар, ќе заработи 150 милиони фунти

Read more

Солскјер не помислува на оставка: Многу направив за сега да се откажам

Read more

Куман едвај го напушти Камп Ноу: Навивачите го опколија и му ја удираа колата

Read more

Роналдо: Нашите навивачи заслужуваат многу подобро

Read more
 

Спорт

Бекам станa амбасадор на СП во Катар, ќе заработи 150 милиони фунти

Читај повеќе

Невакцинираните тенисери ќе може да играат на АО, дали Ноле ќе учествува?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пуштете го Кајри да игра - навивачите на Бруклин се судрија со полицијата

Читај повеќе

Солскјер не помислува на оставка: Многу направив за сега да се откажам

Читај повеќе
  • play_arrow

Куман едвај го напушти Камп Ноу: Навивачите го опколија и му ја удираа колата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо: Нашите навивачи заслужуваат многу подобро

Читај повеќе
  • play_arrow

Инѕаги: Јуве само од пенал можеше да даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Ентони се погрижи за победа на Лејкерс и стана 9-ти стрелец во историјата

Читај повеќе

Газдата на Њукасл пречекан со транспарент: Треба да си терорист и убиец за да купиш англиски клуб

Читај повеќе