УЕФА ЕУРО 2020

Албумот на Panini излегува за неполни две недели

Филип Здравески
/ 24.03.2021 / 15:57

Она кое македонските фудбалски љубители веќе триесетина години го очекуваат конечно доаѓа кај нас и од почетокот на наредниот месец ќе биде во продажба.

Албумот за ЕУРО 2020 на италијанскиот производител Panini во продажба ширум Републикава ќе биде пуштен в понеделник, 5 април. Нам тоа и тоа како нѐ засега бидејќи во него се и Пандев, Елмас, Адеми, Несторовски, Барди, Ристовски и останатите.

Ова го објави „Панини - Македонија“, официјалниот застапник на албумите на Panini во Македонија.

„Наближува времето за собирање и за испишување на фудбалската историја на Македонија.
Официјалниот албум со сликички на Panini - EURO 2020,
ВО ПРОДАЖБА ОД 5-ти АПРИЛ!!!“, објави дистрибутерот.

Panini, со седиште во Модена, Италија, е формиран во 1961 година од браќата Џузепе, Бенито, Умберто и Франко Панини. Прво почнале со сликички од италијанската Серија А, а од 1970 и Мундијалот во Мексико одат и на светско ниво.

Репрезентацијата на Македонија за прв пат учествува на едно големо натпреварување и со тоа за прв пат ќе ја има и во ваков албум на Panini.

Пред некој ден протече во јавноста и изгледот на страницата каде што се „Рисовите“ откако во Швајцарија албумот веќе излезе.

Тагови
реклама

Месечината во Риби на 14 јули им носи среќа на 3 хороскопски знаци

Read more

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Read more

Русите први туристи во новото одморалиште во Северна Кореја

Read more

Како да го отстраните непријатниот мирис од одводите?

Read more

Фудбал

Трамп: Можеме да го промениме soccer во football, зошто да не?

Read more

Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч

Read more

Модриќ нема да ја носи „десетката“ во Милан

Read more

Модриќ во Милано: Мило ми е што сум тука

Read more
 

Спорт

Трамп: Можеме да го промениме soccer во football, зошто да не?

Читај повеќе

Хрватски тенисер суспендиран на 8 години: Се обложувал на мечеви на пријател

Читај повеќе

Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Модриќ нема да ја носи „десетката“ во Милан

Читај повеќе

Рафаел Надал ќе му биде ментор на Александар Зверев

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ во Милано: Мило ми е што сум тука

Читај повеќе

Челси се збогати во САД, Палмер и другарите заработија над 100 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна сцена: Трамп одби да го напушти подиумот при прославата на играчите на Челси

Читај повеќе

Рекордна година: Колку заработи Синер со освојувањето на Вимблдон?

Читај повеќе