Фудбал

Алегри: Ќе одморам една година од фудбалот

14. јуни 2019 - 13:05 | МИА

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека сака да ги наполни батериите и ќе си земе година пауза од фудбалот, пред да се врати кон тренерската работа.

51-годишниот стратег ја изведе „Старата Дама“ до пет последователни титули во Серија „А“, четири титули во Купот на Италија и два финалиња во Лигата на Шампионите за време на својот петгодишен престој на чело на „бјанконерите“, но се раздели со клубот на крајот на минатата сезона.

„Ќе одморам една година од фудбалот и ќе се посветам на моето семејство. Последните 16 години многу ме исцедија, рече Алегри на настан во Милано.

Алегри ја започна тренерска кариера во 2004 во четвртата дивизија на Италија и беше тренер на Милан, кој го изведе до шампионската титула во 2011, пред да се приклучи на Јувентус во 2014.

Британски и италијански медиуми објавија дека менаџерот на Челзи Маурицио Сари е близу до тоа да стане заменик на Алегри, откако Јувентус стигна до принципиелен договор со тимот од Премиер лигата за потписот на Италијанецот.

Коментирај