СЕРИЈА А 2021/22

Алегри објасни зошто Роналдо беше на клупа во Удине

Оставањето на Кристијано Роналдо на клупата за резерви на вчерашното гостување кај Удинезе само ги подгреа шпекулациите за негово заминување. Затоа, тренерот Масимилијано Алегри мораше да даде добро објаснување.

Иако сите очекуваа Роналдо да се најде во почетните единаесет кај Јувентус, кој во 1. коло од новата сезона во Серија А имаше гостување во Удине кај тимот на Удинезе, на изненадување на многумина тоа не се случи.

Во нападот на „Старата дама“ шанса добија Пауло Дибала и Алваро Мората, а Роналдо во игра влезе точно по еден час игра, менувајќи го токму Мората. 

„Роналдо се чувствува добро. Зборував со него пред натпреварот, му кажав дека планирам да почне од клупата. Се согласи. Одигра солидно кога влезе во игра, постигна и гол, но му беше поништен“, вели Алегри за DAZN откривајчи дека тоа било само негова тактичка одлука.

Роналдо влезе во игра откако Удинезе намали на 1:2. Домаќините потоа и израмнија, а Роналдо во судиското надополнување со глава постигна гол за победа кој потоа по интервенција на ВАР беше поништен бидејќи се покажа дека Роналдо бил во офсајд.

Remote video URL

„Во весник ги прочитав шпекулациите. Тој никогаш не ни има кажано дека сака да си замине. Напротив, Роналдо ми рече дека останува во Јувентус“, вели Алегри околу наводното заминување на Португалецот од Торино.

„Одигравме добар натпревар. За жал, таков е фудбалот. Требаше да бидеме подобри во второто полувреме кога не бевме способни да се справиме со одредени ситуации. Ова мора да ни биде лекција“, додаде тој околу крајниот резултат на дуелот во Удине каде Јуве не ги освои планираните три бода.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Фудбал

Левандовски му честита на Меси за Златната топка и им се заблагодари на сите

Read more

Меси: Левандовски ја заслужи Златната топка во 2020

Read more

Нејмар два месеца во аут поради повредата на зглобот

Read more

Направена жрепката за Светското клупско првенство на ФИФА

Read more
 

Спорт

Левандовски му честита на Меси за Златната топка и им се заблагодари на сите

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси: Левандовски ја заслужи Златната топка во 2020

Читај повеќе

Кошаркарите водеа на полувреме, па загубија од Украина

Читај повеќе

Нејмар два месеца во аут поради повредата на зглобот

Читај повеќе

Направена жрепката за Светското клупско првенство на ФИФА

Читај повеќе

Најдобриот голман во светот не е прв избор ни во својот клуб

Читај повеќе

Вечерва се доделува Златната топка: Кој ќе ја освои?

Читај повеќе

Јунајтед го назначи Рангник за привремен тренер

Читај повеќе

Медведев: Ѓоковиќ треба да чести вечера

Читај повеќе