Алегри по киксот на Јуве: Не сум ни лут, ни разочаран

Шампионската трка во Италија повторно стана неизвесна, откако Јувентус освои само еден бод во Ферари. „Давеникот“ СПАЛ успеа да ги спречи нападите на гостите и да не прими ниту еден гол, па натпреварот заврши 0:0, што им оди во прилог на фудбалерите на Наполи кои од 20:45 вечерва играат на свој терен против 13-пласираната Џенова.

Јувентус имаат солидна предност од пет бода, но ако Наполи победи, пак ќе „му дише во врат“ на актуелниот шампион.

„Не сум ни лут, ни разочаран“, изјави тренерот Масимилијано Алегри по натпреварот.

„СПАЛ добро се бореше, заслужува пофалби... Доброто е што не примивме гол, а моментално имаме солидна предност од пет бода“, потсети Алегри и се обиде да ја образложи играта на неговиот тим.

„Кога немаш доволно ментална енергија, противникот ќе ја освои секоја ‘ничија топка’. Токму тоа и се случи. СПАЛ беше поагресивен, за што сведочат и тие 29 фаул потези. Константно вршеа притисок и успеаја да не ни дозволат да здивнеме. Човечки е понекогаш да ти снема енергија кога си прв на табелата, во четвртфинале во Лига на шампиони и во финале од Купот... многумина очекуваа дека ќе кикснеме против Лацио, но еве, тоа се случи сега. Се случува... најважно е добро да се одмориме, бидејќи играме на три фронта и потребен ни е секој играч.“

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе