Фудбал

Алегри пред дербито: Гатузо е меѓу најдобрите млади тренери

10. ноември 2018 - 15:05 | МИА

По поразот од Манчестер Јунајтед, Јувентус ќе бара задолжителна победа во дербито со Милан. Тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри ќе се врати во „Сан Сиро“, каде што беше тренер на Милан и го освои првото „скудето“ во кариерата.

– Нѐ очекува тежок меч, каде што треба да покажеме добра физичка состојба и технички вештини. Милан отсекогаш бил и ќе биде Милан. Тимот загуби само еден натпревар во последните шест и од Интер во последната минута. Џенаро Гатузо е меѓу најдобрите млади тренери, изјави Алегри.

Стратегот го прокоментира и првиот пораз на италијанскиот шампион во текот на сезоната пред неколку дена.

– Ние направивме грешка против Манчестер Јунајтед со нашата емоционална поставеност. Сите сме разочарани. Немавме изгубено од април и бевме навикнати на оваа мисла, изјави менторот на Јуве.

Во однос на слабата реализација на тимот, тренерот на „старата дама“ вели:

„За да победите, мора да постигнувате голови. Во моментов статистиката покажува дека ретко водиме со повеќе од еден гол, што го зголемува ризикот да се случи нешто непријатно во последните минути“.

Милан и Јувентус играат утре од 20 часот и 30 минути.

Коментирај